|

Членови на младинскиот совет: Добивме порака, да не присуствуваме на седницата

На денешната седница на Советот на Општина Прилеп, како точка на дневен ред е и верификацијата на мандатите на Младинскиот совет на општината. Во советот членуваат младинци од различни организации, како и од политичките партии. Пред седницата, членовите од СДСМ и Левица, не известија дека на еден час пред почетокот, добиле смс порака од Претседателката на советот, Билјана Кржесла, дека нема потреба да присуствуваат.

Тие прашуваат, ако нема потреба да присуствуваат на седницата за верификација на мандатите, како ќе функционира овој совет понатаму?

Слични Објави