„Сеишин“ со пет медали од пет настапи на турнирот во Алексинац
Успешен старт на втората полусезона за Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп.
На 5 септември во Алексинац, Србија, се одржа меѓународниот турнир „Алексинац 2026“, на кој настапија повеќе од 300 натпреварувачи од 48 клубови и 10 држави.
Прилепскиот клуб учествуваше со пет џудисти, а сите пет се вратија со медали.
🥇 Иван Јошески – 1 место
🥇 Теодора Илиоска – 1 место
🥈 Стефани Ристеска – 2 место
🥉 Тамара Илиоска – 3 место
🥉 Бисера Цветкоска – 3 место
Од „Сеишин“ велат дека резултатите се потврда на вложениот труд и подготовките во пресрет на продолжението на сезоната.
За прилепските џудисти нема многу време за одмор – следниот викенд ги очекува нов меѓународен настап во Црна Гора.


