25 Април – Светски ден на ДНК
25 април е прогласен за ден на DNA. Изработка на модели на DNA од првите медицински лабораториско санитерни техничари во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп. Кај повеќето живи организми (освен кај вирусите), генетската информација се чува во молекулата на деоксирибонуклеинската киселина, или ДНК (DNA). ДНК се создава и чува во јадрото на живите клетки. Таа го носи своето име по јаглехидратната молекула која се наоѓа во нејзиниот скелет (деоксирибоза); меѓутоа, нејзиното значење е резултат од уникатната структура која ја поседува. Во ДНК се среќаваат четири различни нуклеотидни бази: аденин (А), цитозин (С), гванин (G) и тимин (Т), како и фосфатни групи.
