„Уметност во звук и форма“ – музичко-ликовна вечер во Прилеп
На 7 ноември (петок), со почеток во 19 часот, во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи несекојдневна музичко-ликовна вечер под мотото „Уметност во звук и форма“.
Публиката ќе има можност да ужива во пијано настапот на Огненка Герасимовска Димитровска, која ќе изведе дела од познати светски композитори. Настанот ќе биде збогатен со изложба на скулптури од Александар Ефтимовски, со што звукот и формата ќе се спојат во едно прекрасно уметничко доживување.



