ВТОР СОБИР НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ПЕЛАГОНИЈА – ПОВИКУВААТ ПРЕТСТАВНИК ОД ВЛАСТА
Во четврток во 15 часот во Прилеп (Хотел Салида) ќе се одржи јавен собир на земјоделци од сите гранки во Пелагонија, на кој ги повикуваат и медиумите.
На собирот се очекува учество на сточари (овчарство и краварство), производители на житарици, тутунари, градинари, овоштари, пчелари и други земјоделци. Организаторите потенцираат дека гласот и ставот на секој производител е важен и апелираат на поголема масовност.
Станува збор за втор ваков собир во последните неколку недели, во рамки на самоорганизацијата на земјоделците од Пелагонија. Упатен е и повик до претставници на власта да присуствуваат и да ги слушнат барањата на терен.
Во спротивно, според најавите од организаторите, можно е да следуваат и порадикални чекори, односно поголеми протести.



