Честитки за младите спортски таленти на Прилеп!
Денес во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, со гордост им се оддаде признание на нашите млади спортисти, кои со својата упорност, дисциплина и посветеност го покажаа вистинскиот дух на спортот преку натпреварите помеѓу училиштата. Нивните успеси не се само лични достигнувања, туку и гордост за нашиот град, за Сојузот на училишен спорт и за нивните училишта и ментори кои секојдневно вложуваат во нивниот напредок.
Општина Прилеп останува посветена на создавање подобри услови за спорт и за поддршка на младите. Општината ќе продолжи да го поддржува Сојузот на училишен спорт-Прилеп и да инвестира во спортската инфраструктура, да поддржува вакви манифестации и да ви дава мотив уште посилно да чекорите кон нови победи.
Нека ова признание им биде поттик за уште поголеми успеси! Им посакуваме многу спортски триумфи, исполнување на нивните соништа и продолжување на патот кон успехот. Честитки за сите вас!