Утре, бесплатно возење со вовчето Мечо
Во рамките на празничните активности, утре, 31 декември, во периодот од 12 до 16 часот, посетителите ќе имаат можност бесплатно да се возат со вовчето Мечо, кое ќе тргнува од стартната станица пред Офицерскиот дом.
Општина Битола продолжува да го разубавува празничното расположение со програмата на „Зимска приказна“. Со повик за радост и насмевки, локалната самоуправа ги поканува сите граѓани да ја испратат старата и да ја дочекаат новата 2025 година во празничен дух.
„Ве очекуваме сите со што поголем број на насмевки и радост да ја испратиме старата и дочекаме новата 2025 година.“ порачуваат од општина Битола
Зимската приказна продолжува да ги обединува граѓаните и да го слави духот на празниците во прекрасниот амбиент на Битола. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од оваа магија!