Празнична радост за децата Општина Могила
Руралната Општина Могила го исполни предновогодишниот период со радост и детски насмевки. Во духот на празничното расположение, беа поделени 700 новогодишни пакетчиња на најмладите жители, а специјален гостин, Дедо Мраз, заедно со актерите од Бабец театар, ја разубавија атмосферата со весела и забавна театарска претстава.
Празничната магија продолжи со новогодишниот пазар, на кој учениците од трите основни училишта во општината ја покажаа својата креативност преку рачно изработени украси. Со песнички, игри и позитивна енергија, тие го дополнително го разубавија настанот и ја пренесоа својата радост на сите присутни.
„На сите деца им посакувам да имаат среќна Нова година исполнета со радост, љубов и убавини“ посака Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила