Насмевки и радост за најмалите во „Добре Јованоски“ – Првооделенците добија новогодишни пакетчиња

Денес основното училиште „Добре Јованоски“ во Прилеп беше исполнето со насмевки и радост. Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, и Претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец, се погрижија првооделенците да добијат новогодишни пакетчиња, што внесе посебна магија и новогодишна радост во училиштето.

Оваа активност уште еднаш ја потврдува важноста на поддршката и соработката меѓу локалните институции и образовните установи, со цел да се создаде позитивна иднина за најмладите генерации и е дел од програмата на општина Прилеп.

Фото – ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп 

Слични Објави