Соопштение од Општина Прилеп – Препораки за краткорочни мерки за почист воздух
Соопштение од општина Прилеп –
„Согласно Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух предложен од страна на МЖСПП се препорачува:
Правилно користење на огревно дрво (домашно греење):
-да се користи само огревно дрво со прегревање/сушење пред ложење,
– да не се употребува пластика, гума, обработено дрво, отпадни материјали
Целта е со сушењето да се намалува влагата присутна во огревното дрво, што го подобрува согорувањето, а тоа ќе доведе до намалување на емисии на загадувачки супстанци во воздух.“
Добрите практики за греење на дрва во домаќинствата можете да ги погледнете во брошутата на следниот линк: https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/Good-practices-for-residential-wood-burning-%D0%9C%D0%9A.pdf
Препораките на МЖСПП претставуваат важен чекор во насока на намалување на загадувањето на воздухот предизвикано од индивидуалното греење на дрва. Сепак, за да се постигнат значителни резултати, потребни се дополнителни мерки како што е и подигање на свеста на граѓаните, Едукација за важноста на правилното користење на огревно дрво и неговите придобивки за здравјето и животната средина.