„Матура да, но безбедно!“ – СВР Битола со едукативни работилници за матурантите

Во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“, Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со Полициските станици за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и ОВР Демир Хисар, на 23.04 организираа едукативно-превентивни работилници во средните училишта „Таки Даскало“ во Битола и „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар.

Работилниците беа наменети за учениците од четврта година – матурантите, со цел да се подигне нивната свест за важноста од безбедно и одговорно однесување за време на матурските прослави. Полициските службеници ги информираа учениците за нивните обврски и можните последици од непочитување на законските прописи, особено од областа на сообраќајната безбедност и јавниот ред и мир.

Посебен акцент беше ставен на опасностите од консумација на алкохол и управување со возило под дејство на алкохол, како и на потребата од одговорно однесување и заштита на личната и колективната безбедност.

Со овие активности, СВР Битола продолжува со својата заложба за превентивно делување и унапредување на безбедносната култура кај младите.

Слични Објави