|

Да се предупредат и заштитат повозрасните лица за измислени сообрајќајки со изнуда и измама

Не поминана ни три-четири месеци од кога беа последните пријави за измами и изнуди со измислени сообрајќајки, повторно се појави и пријави нов случај од ваков тип, со измами на повозрасни лица. На 16.05.2024 во 12.30 часот во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 380.000 денари.

На 15.05.2024, според пријавата, машко лице телефонски ѝ се јавило на 76 – годишна женаи, претставувајќи се како „полициски инспектор“, ѝ кажало дека нејзината внука во сообраќајна несреќа во Охрид удрила дете-мигрант. Според пријавата, тој, исто така, откако ѝ кажал дека родителите на детето барале пари, а доколку не им даде нејзината внука ќе одела во затвор 10 години, таа се согласила и им ја дала нејзината адреса на живеење и следната вечер во нејзиниот дом дошло женско лице на кое му ги дала парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Да се предупредат посебно повозрасните лица кои не користат електронски портали за овај тип измами.

Слични Објави