Традицијата продолжува – Божиќната Пештера поставена, 300 деца ќе ја носат радоста на Христовото раѓање низ центарот на градот
Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце“ по 15ти пат се организира Бадниковите поворки во Прилеп. Пријавени се скоро 300 дечиња кои ќе учествуваат на поворката.
Денес, на Камената бина, дечињата од бадниковите поворки ја одржа генералната проба. Со весели и распеани срца, малите учесници ја најавија радоста што ќе ја донесе Христовото раѓање.
Во центарот на нашиот град, беше поставена и Божиќната пештера, која го симболизира настнот на Христовото раѓање.
На 6-ти јануари (понеделник) 2025 година, со почеток во 09:00 часот, ќе започне најголемата Бадникова поворка до сега. Поворката ќе тргне од пред Камената бина, каде што веќе е поставена Божиќната пештера, и ќе ги обедини дечињата од нашиот град кои ќе ја пренесат Божиќната радост низ центарот.
Таа ќе помине кај параклисот на Св. Никола, низ старата чаршија, потоа кон плоштадот, покрај Участакот, до НУЦК Марко Цепенков и повторно ќе се врати на Камената бина.
На крајот, дечињата ќе ги отпеат традиционалните Божиќни песнички .
Придружете се на овој свечен ден и Пренеси ја Божикната радост до секое срце!
Фото и видео Katerina Levkoska