ТРОЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ ВО СОЛУН – можности за земјоделско претприемништво на лицата со попреченост
Во рамки на Еразмус проектот кој се одржува во Солун, од Прилеп и Македонија на овај настан се Александра Стеваноска, Анастасија Смиле и Филип Димкоски како претставници на ЛАГ Агро Лидер. Овој Еразмус проект кој се одржува од 14 до 19 јули во Солун, посветен е на учење за можностите за земјоделско претприемништво на лицата со попреченост.
На тренингот, освен од државата домаќин и од Македонија, има претставници од Египет, Јордан, Мароко, Тунис, Хрватска и Лихтенштајн. Дел од претставниците ги споделија своите искуства на оваа тема, а беше презентиран и преглед на состојбите во наведените држави за степенот на вклученост на лицата со пош преченост во секторот земјоделие.
Филип Димкоски, земјоделски инженер, средношколски професор и земјоделски производител ги изнесе и своите искуства за начините на органското производство и перспективните можности за вклучување на лицата со попреченост.