Прилеп го најавува „Поетско Маркукуле 2025“



Прилеп повторно ќе биде домаќин на едно од најзначајните поетски случувања во регионот – 18-тата меѓународна поетска манифестација „Поетско Маркукуле 2025“. Настанот ќе се одржи на 9 август 2025 година, со почеток во 18:00 часот, во Домот на културата „Марко Цепенков“.

Организатор на манифестацијата е Клубот на литературни творци – Прилеп, кој традиционално ја обединува поетската енергија на автори од Македонија и од странство. Оваа година се очекува богата литературна програма.

Настанот е отворен за сите љубители на поезијата и културните настани, а присуството е бесплатно. Организаторите упатуваат топла покана до граѓаните на Прилеп и регионот да бидат дел од оваа убава вечер исполнета со збор, музика и инспирација.

Слични Објави