Општински E-Услуги
Едно од најинтересните прашања е колку нашите граѓани ги користат Е-Услугите кои што ги нудат општините. Вечните редици пред шалтерите се најчеста слика која што може да се види.
Која е причината за тие редици? Неефикасноста на општините, неедуцираноста и неинформираноста на граѓаните или можеби навиката. Велат дека на полесно и подобро човек лесно се навикнува, но тоа не важи за нашиот човек. Тој тешко менува навики, дури и во тој случај.
За жал имамеме комбинација од полу-ефикасни општини и граѓани со навика за шетање по шалтери.