|

СЛОВЕНЕЧКИОТ АМБАСАДОР НА ГОСТИ ВО ПРИЛЕП

Денес на гости во Општина Прилеп беше Н.Е. словенечкиот амбасадор во Македонија, Грегор Прескер. Средбата со градоначалникот Борче Јовчески беше искористена да се разговара, за засилување на меѓусебните врски помеѓу општина Прилеп и Република Словенија.

Дискусијата беше со фокус на економските и културните можности за соработка, за природните богатства, за туристичките и стопанските потенцијали кои општина Прилеп ги нуди и за тоа каде може да се насочи идната соработка.

Продолжуваме да ги негуваме и продлабочуваме нашите билатерални односи со сите дипломатски претставништва во Македонија. – ФБ Борче Јовчески

ФОТО: Општина Прилеп

Слични Објави