КАПИЈАТА – НАЈПОЗНАТ БРЕНД НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ (ВИДЕО)
Во календарот на настани, покрај другите активности на Општина Кривогаштани е и „Фестивалот на пиперката“. Во рамките на овој фестивал се презентираат скоро сите земјоделски производи од општината, а посебен акцент се става на Капијата-црвената пиперка која ја има само во овој регион. Капијата е од автентично семе и побарувачката на оваа пиперка е секогаш голема, пред се затоа што од неа се прави најубавиот Ајвар.
Градоначалникот на Општина Кривогаштани Николче Мицески, изјави дека е општината е особено горда на овој фестивал и се надева дека секоја година ќе расте и ќе премине во една убава традиција. Исто така додаде дека, дека цената на капијата треба да расте, за земјоделците да бидат мотивирани да ја произведуваат, затоа што е бренд кој се извезува и надвор од Македонија.