ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ- НЕБЕЗБЕДНА ВОДА ВО НЕКОЛКУ НАСЕЛЕНИ МЕСТА

Општина Прилеп – ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТЕХНИЧКА ИСПРАВНОСТ-НЕИСПРАВНОСТ НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека дел од локалните водоснабдителни системи се со небезбедна вода за пиење, додека кај други е потребно дополнително третирање.

Според извршените испитувања и стручната анализа, водата од локалните водоснабдителни системи Загорани – Ѕвездакоски, Веселчани (двор) и Канатларци (бензинска) е исправна за употреба, но се препорачува зголемување на количината на резидуален хлор во мрежата, која треба да се движи во граници од 0,2 до 0,5 мг/л.

Локален водоснабдителен систем Загорани – Ѕвездакоски, водата во Л.в.с Веселчани – двор и водата во Л.в.с.Канатларци – бензиска на основа на извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба, но количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи во границите од 0,2-0,5мг/л.вода.

Од друга страна, водата од:

  • Ореовец (јавна чешма – сред село)
  • Плетвар (крајпатна и јавна чешма)

е здравствено неисправна поради присуство на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење најмалку 10 минути. Надлежните посочуваат дека е неопходно трајно техничко решение и редовна дезинфекција на водата.

Исто така водата во  Лок.в.с.Ореовец – јавна чешма сред село како и водата од Л.в.с. Плетвар – крајпатна Че и Јавна чешма не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Дополнително, водата во:

  • Беловодица (двор)

е неисправна поради зголемено присуство на органски материи, додека во:

  • Ерековци (двор)

се регистрирани бактерии, поради што водата исто така не смее да се користи без вриење.

За системот во Ерековци се препорачува редовна хлоризација, при што нивото на резидуален хлор треба да биде од 0,2 до 0,5 мг/л.

Водата во Л.в.с.Беловодица – двор  не е здравствено исправна заради наод на зголемено присуство на органски материи и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Додека водата од мерно место локален водоснабдителен систем  Ерековци – двор  не е здравствено исправна заради наод на бактериии не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи од 0,2-0,5 мг/л. вода.

Од Општина Прилеп апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките со цел заштита на јавното здравје.

Слични Објави