|

Ново пијано и дувачки инструменти за музичкото училиште во Прилеп

Денес во ООМУ„Ордан Михајлоски-Оцка“ – Прилеп беа промовирани нови инструменти. Пијано и дувачки инструменти во вредност од 700 000 денари со кои се олеснува и подобрува процесот на обука на прилепските музички таленти.

Исто така е завршена и промената на електричната инсталација во училиштето, зафат кој чинеше 370 000 денари. Градоначалникот Борче Јовчески, заедно со директорката на музичкото училиште ги промовираа инструментите и им посакаа на учениците понатамошни успеси.

Слични Објави