Тебе системот не те сака
Колку нашата држава е спремна да воспостави функционален едношалтерски систем каде граѓаните ќе бидат задоволни?
Дали под едношалтерски систем се подразбира да работи само по еден шалтер во секоја институција?
Агтис и Зевзекманија, преку кратко хумористично видео ни претставуаваат како нашите граѓани денес сеуште се соочуваат со проблемите во институциите и се изложуваат на дополнителни трошоци и стрес поради самата нефункционалност на истиот систем.
Дали грешката е во самите граѓани кои не го разбираат процесот за тоа што и како треба да се достави на самите шалтери или грешката е во самиот систем кој бара од граѓанинот различни документи и копии за да може да се заврши најосновна процедура.
Погледнете и одлучете сами.