|

Прва форумска сесија

Денес се одржа првата форумска сесија од  Форумите во заедницата во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој го реализираат Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) и партнерските општините меѓу кои е и општина Прилеп.

Настанот предизвика голем интерес кај населението од општина Прилеп, на истиот присуствуваа поголем број невладините организации, медуми, претсавници од образование, од општинската администрација, советници, деловниот сектор и граѓани.

Најнапред организаторите  објаснија за стратегиите, немерите и планираните резултати на проектот, го запознаа аудиториумот со методот „Форуми на заедниците“ и ги споделија намерите на ова средба. Така и ние учесниците се вклучивме во различните форумски сесии, кои беа тематски и проблемски поделени, за самите да дебатираме околу решенијата во предметниот сектор.  Суштински, во овие групи се дебатираше за најгорливите општински проблеми, како и за квалитетот на понудените решенија, кои ги обврзуваат и општина Прилеп и организаторите, да ги земат во понатамошното планирање.

Во следните сесии од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ја изберат најприоритетната, со што ќе се аплицира до проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.

На оваа прва форумска сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат со форумскиот процес, да дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со избраната област и да предложат приоритетни решенија, а секако се говореше и за граѓанското учество, како дел од мотивацијата за понатамошна работа.

Вклучување на граѓаните во процесот на одлучување само придонесува кон зголемување на транспарентноста и кон поголема соработка и граѓанско учество во општините. Со тоа се  јакнат капацитетите на сите вклучени страни кои се залагаат за подобрување на животот на луѓето во заедницата .

Убав настан, кој обврзува за понатамошно учество. Сепак, ова е наша општина.

Слични Објави