| |

Култура – Надлежности на општината и како ги остварува

Културата како надлежност е слабо пренесена на општините, иако законот предвидува: институционална и финансиска поддршка на установите и проектите од областа на културата; негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности; организирање културни манифестации;  поттикнување разновидни и специфични форми творештво, подигање спомен-обележја, кои со својата содржина и ознаки одбележуваат настани и личности од локално значење (Преку петгодишна програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности од локално значење, која се носи во советот по бадентеров“ модел).

Програмата за култура ја донесува Советот, а од 2004 година, со Законот за култура (чл.94) и одлуката на Владата, определено е кои установи од културата стануваат локални – кои се финансирани со блок дотации. Инвестициските активности, скоро редовно, ги финансира МК, а значајните активности ги водат национални институции.

Со Законот за финансирање на ЕЛС (чл 12), Министерството за култура секоја година подготвува Методологија за распределба на блок дотациите за локалните установи во културата спрема Уредбата на Владата. Покрај блок дотациите, општините можат да поднесуваат проекти од национален интерес по објавени годишни конкурси, како и да аплицираат во манифестациите „град на кутурата“ и „Топол куклтурен бран“.

Законите (Законот за култура, Законот за музеи, Законот за библиотеки, Законот за меморијални споменици и спомен-обележја ) предвидуваат општините да управуваат со институции од областа на културата преку Управен одбор и директорот на институцијата.

Методологијата е иста како со сите други општински установи (градоначалникот назначува директор, а Советот избира членови на УО – тој донесува статут – по претходно позитивно мислење на Советот, УО носи годишна програма, финансиски план и годишна сметка до Советот, а општината финансира).

Слични Објави