ДЗС го затвори театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп поради опасност од пожар
Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е затворен од страна на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) поради сериозни неправилности кои претставуваат непосредна опасност од пожар и експлозија. Според официјалното соопштение од ДЗС, на 24 март бил спроведен вонреден инспекциски надзор, при што биле утврдени 15 неправилности што се во спротивност со Законот за заштита…


