Поранешни ученици ги донираа униформите во Прилеп
Во СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп денес беше потврден духот на солидарност и хуманост. Поранешни ученици донираа ученички униформи кои повеќе не им се потребни, а кои ќе им бидат од голема корист на сегашните ученици. Со оваа акција, поранешните генерации оставија белег на грижа и поддршка за идните генерации.
Од училиштето упатија голема благодарност до сите кои придонеле за оваа акција, истакнувајќи дека ваквите гестови го градат училиштето како место исполнето со пријателство, помагање и почит.



