Пресконференција: Драгица Николоска – Носителка на листата за советници СДСМ Прилеп
Проданоски беше претседателот на Совет со чија дозвола во Прилеп поскапеа водата, комуналните услуги и данокот на имот
На крајот на мандатот на Борче Јовчески, најслабиот градоначалник во историјата на Прилеп, за негов наследник ВМРО-ДПМНЕ го нуди Дејан Проданоски – најлошиот претседател на Совет кој Прилеп било кога го имал.
Три години Проданоски беше прв човек на општинскиот Совет, период во кој општината го доживеа најголемото пропаѓање, а жителите на градот и населените места најголемото осиромашување.
Прилепчани добро паметат како Проданоски и Јовчески ги празнеа џебовите на граѓаните, директно удирајќи врз нивниот и онака скромен семеен буџет.
Да потсетиме: со дозвола на владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ и тогашниот претседател на Совет, Дејан Проданоски, во Прилеп поскапеа данокот на имот, водата, комуналните услуги, паркингот, градскиот превоз.
И покрај зголемените цени, сите општински јавни претпријатија управувани од партиски директори директно поставени од Проданоски, влегоа во категоријата загубари, со вкупен долг од близу 2 милиони евра.
Тандемот Проданоски – Јовчески не успеа да реализира ниту едно изборно ветување. Нивната неспособност да ја менаџираат Општината резултираше со раскопани улици, град потонат во темница, узурпирани јавни површини, дивоградби на секој чекор, глутници кучиња скитници зад секој агол.
Истовремено, како поранешен претседател на Совет, но и актуелен претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, Проданоски има директна одговорност за катастрофалната безбедносна состојба во Прилеп, која со секојдневните скандали дополнително се влошува од ден во ден.
Меѓутоа, после 4-годишната агонија во режија на Јовчески и ДПМНЕ, прилепчани нема да дозволат понатамошно тонење на градот!



