Сè е подготвено за 15. Поетски слем Македонија
Уште само неколку дена нè делат од почетокот на 15. издание на Поетски слем Македонија – најголемата поетска уметничка манифестација кај нас, која оваа година ќе се одржи во Прилеп од 9 до 12 октомври. Програмата е богата и разновидна – од поетски двобои, промоции на нови книги, изложби и работилници, до полуфинале и големо финале со интернационален гостин.
Фестивалот ќе започне на 9 октомври во Градската библиотека „Борка Талески“ со поетски двобој Есенин vs Мајаковски и промоција на преводите на Славе Ѓорго Димоски. Следуваат изложби, слем-караван низ кафулињата и градскиот плоштад, работилници за креативно пишување, како и настапи на познати и млади автори од целата земја.
Големото финале е закажано за 11 октомври на летната сцена на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, со специјален гостин Кевин Амсе од Белгија, а вечерта ќе заврши со концерт на „Пијан Славеј“. Традиционално, на 12 октомври фестивалот ќе заврши со поетско читање во манастирот Трескавец.
Со ваква програма, јубилејното издание ветува незаборавно искуство за љубителите на поезијата и современата култура.
9 ОКТОМВРИ (четврток)
- 20:00 / ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Поетски двобој: Есенин vs Мајаковски (преводи: Славе Ѓорго Димоски)
- 22:00 / Кафе галерија „Лувр“ – Изложба-инсталација: Владимир Лукаш
10 ОКТОМВРИ (петок)
- 18:00–20:00 / Чоше кафе, Плоштад – Свечено отворање + Слем караван
- 20:30 / Кино „Мис Стон“ – Слем полуфинале
11 ОКТОМВРИ (сабота)
- 12:00–13:00 / Галерија НУЦК „Марко Цепенков“ – Работилница и промоција: Елена Пренџова
- 13:00–15:00 / Кафе Чоше – Слем кафе со DJ Old School Selector
- 18:00 / Кафе Тротоар – Промоција: Оливера Андоноска „Ние сме Ева“
- 19:00 / Кафе Тротоар – Промоција: Ѓоко Здравески „Небо трето“ (со Дејан Спасовиќ и Перо Сарџоски)
- 20:00 / Летна сцена НУЦК „Марко Цепенков“ – Специјален гостин: Кевин Амсе (Белгија)
- 20:30 / Летна сцена – Финале на 15. Поетски слем Македонија
- 22:30 / Летна сцена – Концерт: Пијан Славеј
12 ОКТОМВРИ (недела)
- 08:00 / Манастир Трескавец – Литургија
- 10:00 / Манастир Трескавец – Поетско читање



