| |

Во Прилеп одбележан Светскиот ден на срцето

Синоќа, во градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп. со едукативна трибина беше одбележан 29 септември – Светскиот ден на срцето. Настанот ја истакна врската меѓу кардиоваскуларното здравје и дијабетесот, ризик-факторите, превентивните пристапи и потребата од здрави животни навики во заедницата.



Излагачи беа д-р Аксиња Гарбеска – Кебакоска од Центарот за јавно здравје, д-р Александра Милевска – Благојевска од Општата болница „Борка Талески“, нутриционистот м-р Везире Старова и медицинската сестра Татјана Ѓорѓиоски.

Посебен акцент беше ставен на правилната исхрана и контролата на дијабетесот преку броење на јаглехидрати.

Настанот беше во организација на „Сина револуција“, Здружение „ЦРЕП“ и Трансакт

Слични Објави