Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – „Да се сетиме на мртвите, да се бориме за живите.“
Денес, 28 април, во над 120 земји се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, под мотото: „Да се сетиме на мртвите, да се бориме за живите.“ Овој ден има за цел да ја подигне свеста за се поголемиот број повреди, болести и смртни случаи на работните места ширум светот.
Денеска е Светскиот ден за безбедност при работа, кој е прогласен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) во 1996 година, со цел да го подобри спречувањето на несреќи, повреди и професионални заболувања на светко ниво.
Се проценува дека секоја година речиси два милиони луѓе умираат поради повреди или професионални болести, додека над 260 милиони работници претрпуваат повреди на работното место.
МОТ (Меѓународната организација на трудот) во 2019 година ја усвои Конвенцијата 190 и Препораката 206, со кои се бара забрана и спречување на насилството и вознемирувањето на работното место, што се смета за сериозна закана за здравјето на работниците и угледот на организациите.
Работодавачите, според Законот за безбедност и здравје при работа, имаат обврска да обезбедат безбедна средина за сите вработени и да ги минимизираат физичките и психолошките ризици, особено во услови на криза.
Создавање култура на превенција и почитување на правата на работниците е клучно за намалување на повредите, болестите и отпуштањата, со што се гради посигурно и подостоинствено работно опкружување.