|

DELIRIUM TREMENS – ПРЕТСТАВА КОЈА ТРАЕ 10 ГОДИНИ (видео)

Во Недела, 4. Мај, Клуб Дипломатик – Прилеп, 20.00 часот, во живот се враќа монодрамата на Игор Трпчески, која е направена според текст на Благоја Ристески – Платнар, „Delirium tremens“.

По 10 години од премиерната изведба, многу фестивали и награди, Трпчески придружен од бендот составен од: Димитар Ѓорѓиевски – гитара, Методија Костоски – хармоника и клавијатури, Филип Јездиќ – тапани и Борче Миленкоски – Саксафон, како пркос на состојбата во која се најде Прилеп, без функционална театарска зграда, се собраа и решија на прилепчани да им понудат театар во алтернативен простор.

Претставата е во продукција на Театарска работилница – Прилеп

Билети можат да се набават во Клуб Дипломатик и Чоше Кафе. 200 денари

Резервации на број: 075/230-650

Слични Објави