| |

ДОНАЦИЈА НА АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ЗА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА (ВИДЕО)

Денес, пред влезот на Ургентното одделение при ЈЗУ„Борка Талески“- Прилеп, беше извршено примопредавање на амбулантно возило.

Оваа донација е резултата на проектот „Овозможување на пристојни услови за живеење на ромската заедница во општина Прилеп “, кој започна со имплемантација во Февруари 2021 година, а завршува во Мај 2025.

Градоначалникот Борче Јовчески, се заблагодари за донацијата и најави дека здравственуте услуги за ромската заедница и во иднина ќе се подобруваат.

Ова болничко возило ќе се користи за потребите на болницата, но и за прегледи во населбата Тризла. Опремено е со сите потребни апарати. Болницата располага со 5 возила за потребите низ градот и 3 за транспорт на пациенти до Скопје. – изјави Кире Бензоски

Себихан Демировски – Генерален менаџер на „Ромскиот ресурсен центар“ го образложи проектот, каде се се дејствува и работи за подобрување на условите за живот на ромското население.

Демироски изјави дека, За време на Ковид – 19 , истражување за „Ефектите врз ромската заедницаца на пандемијата“ покажало деке ромското население има слаб пристап до здравствени услуги. Во координација со Општина Прилеп и ЈЗУ„Борка Талески“-Прилеп, се донесол заклучок дека на Прилеп му е потребно дополнително амбулантно возило и нагласи дека ова не е обично транспортно возило, а мобилна клиника кое што ќе биде од големо значење за ромската заедница во Прилеп, која брои повеќе од 5000 жители.

Слични Објави