|

Крај на студените утра, следува период со дожд и повисоки температури

Македонија во наредниот период ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе донесе променливо време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, како и постепен пораст на дневните температури.



Поинтензивни врнежи од дожд се најавуваат во наредните денови, особено кон средината на следната седмица, додека јужниот ветер ќе дува умерено до засилено.

„Според прогнозите, кон средината на следната седмица се очекуваат пообилни врнежи, проследени со умерен до засилен ветер од јужен правец“, соопштуваат од УХМР.

Од Управата посочуваат и дека периодот на студени утра завршува, бидејќи температурите ќе бидат во пораст, а утринските вредности насекаде ќе останат над нулата.

Слични Објави