Забранета употребата на водата за пиење од три водоснабдителни објекти во прилепско
Поради утврдена здравствена неисправност на водата, надлежниот инспекциски орган изрече мерка за забрана на употреба на водата за пиење од крајпатната чешма „ЧЕ Плетвар“, како и од локалните водоводи во селата Плетвар и Беловодица.
Со донесеното решение, водата од овие извори не смее да се користи за пиење сѐ до отстранување на причините за нејзината здравствена неисправност и укинување на забраната од страна на надлежните институции.
Во рамки на изречената мерка, Општина Прилеп е задолжена на сите три локации – крајпатната чешма „ЧЕ Плетвар“, локалниот водовод во село Плетвар и локалниот водовод во село Беловодица – на видно место да постави табли со јасно и читливо предупредување:
„ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ“
Надлежните апелираат граѓаните да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за пиење сè додека не биде потврдено дека таа е здравствено исправна. – стои во соопштението од општина Прилеп
Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место:
- Локален водоснабдителен систем – Ореовец – јавна чешма сред село – не е здравствено исправна заради наод на бактерии, наод на еscherichia colli, наод на intestinal enterococcus и не смее да се користи за пиење. Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи во граници од 0.2 до 0.5 мг./л. вода.
- Исто така водата од мерно место, л.в.с. Плетвар – јавна чешма не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, наод на еscherichia colli, наод на intestinal enterococcus и не смее да се користи за пиење. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.
- Водата од л.в.с Плетвар – крајпатна Че не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, и не смее да се користи за пиење. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.
- Додека водата од л.в.с Беловодица – двор не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, зголемен број колонии и бактерии на 37 степени и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.


