| | |

СООПШТЕНИЕ – ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН – ОПШТИНА ПРИЛЕП

СООПШТЕНИЕ

Се организира повторена јавна презентација и јавна анкета за

ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 3, БЛОК 3.1, ОПШТИНА ПРИЛЕП

Опис на планскиот опфат:
Јужната и југозападната граница се движи по должина на основната на собирната улица „Гоце Делчев“ со ознака С2 во должина од 1198,2 м, врти кон североисток каде оди по основната на собирната улица „Новопланирана“ со ознака С12 во должина од 455,1 м, формирајќи ја северозападната граница, потоа врти во југоисточна насока по основната на собирната улица „Самоилова“ (Пере Тошев), со ознака С3, во должина од 513,4 м, формирајќи ја североисточната граница, потоа во јужен правец по основната на сервисната улица „Браќа Миладинови“ со ознака Ср9, во должина од 283,5 м, формирајќи ја источната граница, потоа врти во десно правец по основната на сервисната улица „Браќа Миладинови“ со ознака Ср9, во должина од 220,6 м, формирајќи ја северната граница на опфатот, а се накрстува со основната на сервисната улица „Браќа Миладинови“, со ознака Ср5, во должина од 445,5 м, врти во југочеточен правец до вкрстувањето со „Гоце Делчев“ каде е и почетна точка на границата на опфатот формирајќи затворен полигон со периметар од 3116,64 м², со површина на планскиот опфат од 438249,96 м², односно 43,82 ха. Податоците на планскиот опфат е во рамките на ГУП за Општина Прилеп.

Повторената Јавна анкета и јавната презентација ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 3, БЛОК 3.1, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Нацрт Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 14 дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 25.02.2025 година до 10.03.2025 година, секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 27.02.2025 година, во 10:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Слични Објави