| | |

Се пошуми атарот на село Далбеговци

Денес во атарот на село Далбеговци успешно се спроведе акција за пошумување во која учество зедоа вработените и Советот на Општина Новаци и ЈКП ,,Комунална хигиена”, децата од ОУ ,,Славко Лумбарковски” Новаци и младите при што се засадија 2000 садници бел бор.

Пошумувањето е инвестиција во иднината – во здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации. Општина Новаци останува посветена на иницијативи кои ќе придонесат за одржлив развој и еколошка рамнотежа, со активна вклученост на целата заедница!

Слични Објави