Вмрежување помеѓу даватели на социјални услуги – Здружение Центар за развој и едукација Прилеп и Црвен Крст Крива Паланка
Здружението Центар за развој и едукација Прилеп оствари посета на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во Крива Паланка. Целта на посетата беше размена на искуства од воспоставување и испорака на социјални услуги, како и следење на придобивките од постоењето на социјални услуги за корисниците,како и за локалната заедница.
Црвен Крст Крива Паланка веќе неколку години е лиценциран давател на услугата Помош и нега во домот, а од оваа година го основа Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење. Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во моментот опслужува 50 корисници од општина Крива Паланка, на кои преку програмски активности им се овозможува активен, квалитетен и здрав живот и во третата доба, како и социјализација.
Достигнатиот успех е плод на професионалноста и посветеноста на тимот, кој е отворен за вмрежување и соработка со останати даватели на услуги се со цел овозможување на пристап до поширок спектар на социјални услуги за лицата на кои им се потребни.
Исто како и Центарот за развој и едукација Прилеп кој е лиценциран давател на услугата Помош и нега во домот во моментов со најголем број на негуватели – 58 и над 200 опслужени корисници, воспоставувањето на социјални услуги и нивната испорака е започнато со Проектот на подобрување на социјалните услуги на Светска Банка и МТСП, преку кој се креираат многу нови социјални услуги според потребите на корисниците во општеството.