ООУ „КОЧО РАЦИН“ – ПРИЛЕП ВО СОРАБОТКА СО ЗАВОД И МУЗЕЈ – ПРИЛЕП
По повод Европските денови на културно наследство во соработка со Завод и Музеј Прилеп, учениците од Основното Училиште „Кочо Рацин – Прилеп од IV – те одд. учествуваа на настан “Накитот низ вековите во Македонија како инспирација за идните генерации”.
Под раководство на м-р Маја Ралева Миладиновски, наставникот Методи Исков и наставничката Павлинче Велјановска.
На организираната работилница учениците се запознаа со традицијата за изработка на накит и ја покажаа својата креативност, изработија прекрасни детски експонати на средновековен накит.
фото: ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп