Прилепските пожарникари со полни раце работа – два нови пожари

Aктуелна состојба со пожарите во Прилеп и земјава (18.07.2025, до 12:00 ч.)

На територијата на државата регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 5 се сè уште активни, а останатите 5 се под контрола.

Ситуацијата во општина Прилеп се влушува, каде што активни се два големи пожари:

Помеѓу селата Царевиќ и Смолани – гори мешана шума и ниска вегетација, со проширување кон повисоки падини. На граничниот појас со општина Кавадарци, поточно помеѓу селата Никодин, Ракле и Фариш – зафатена е ниска вегетација и ретка шума, а пожарот е тешко пристапен и се шири поради ветер.

Интервенираат противпожарни екипи од Прилеп, со поддршка од ДЗС и месното население. Надлежните апелираат на внимание, воздржување од палење огнови и пријавување на секој сомнителен чад или оган.

Останатите активни пожари се во општините Василево, Аеродром и Гази Баба.

Под контрола се пожарите кај Велес, Дојран, Демир Хисар, Македонски Брод и Илинден.

Граѓаните од Прилепскиот регион се повикуваат на зголемена будност и соработка со службите, бидејќи пожарите можат брзо да се прошират поради високите температури и сувиот терен.

Слични Објави