Над 330 медиуми пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори
До Државната изборна комисија (ДИК) во рокот од три дена по распишувањето на локалните избори, за платено политичко рекламирање се пријавиле вкупно 333 медиуми. Најмногу се интернет портали – 257, а покрај нив во рокот се пријавиле и 43 радиостаници, 33 телевизии и осум печатени медиуми. Четири портали аплицирале надвор од рокот.
Од ДИК нагласуваат дека бројката не е конечна бидејќи пријавите се уште се проверуваат, а вечерва на полноќ истекува рокот за доставување на ценовниците за рекламирање. Според Роковникот, ДИК ќе ги потврди и објави ценовниците најдоцна до 24 август, по нивна проверка и просечно пресметување на цените.
Ценовниците, согласно законските обврски, треба да бидат доставени и до други надлежни институции, како Државниот завод за ревизија, Антикорупциската комисија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



