Сепак, Фестивалот на пивото ,,PRILEP BEER WEEKEND’’ 2024 ќе се одржи од 9 до 11 август 2024
Манифестацијата фестивал на пивото ,,PRILEP BEER WEEKEND’’ 2024 година ќе се одржи од 9 до 11 август 2024 година, и оваа година Прилепчани, гости од Македонија и од странство се добредојдени на фестивалот на пивото.
Советот на Општина Прилеп одлучи дека Манифестацијата фестивал на пивото ќе се одржи од 9 до 11 август 2024 , на следните локации, одредени се локациите и за паркин простори, истовремено одлучено е да се продолжи работно време за 2 часа:
- Одредени се следните локации на кои ќе се одржува пиво фест.
- -Од север „Плоштад Александрија“
- -Од исток – крстосница на Булевар „Гоце Делчев“ со улица „Прилепски Бранители“
- -Од југ- Плоштад „Методија Андонов-Ченто“
- -Од запад-крстосница на Булевар „Гоце Делчев“ со улица „Кузман Јосифоски“
Површината предвидена за поставување на штандови изнесува 3.811 метри квадратни
Посебните локации за фестивалот, како и поставувањето санитарни чворови, определени се со графички прилог – фестивал на пивото ,,PRILEP BEER WEEKEND’’ 2024 , изработен од ЈП за ПУП Прилеп,
- За паркинг простор, за потребите на фестивалот се одредува просторот од Булевар „Гоце Делчев“ со пресекот на улица „Кузман Јосифоски“ и улица „Димо Наредникот“, делот од крстосницата на Булевар „Гоце Делчев“ со улица „Прилепски Бранители“ до новата општинска зграда, паркингот помеѓу новата општинска зграда и зградата на Македонски телеком и паркингот на улица „Кузман Јосифоски“ (кај Центарот за култура „Марко Цепенков“)
- Продолжување на работното време од 2 часа подолго на угостителските објекти во градот и штандовите на учесници на фестивалот на пивото ,,PRILEP BEER WEEKEND’’ 2024, за време на оджување на фестивалот на 9-ти, 10-ти и 11-ти август.
Очекуваме во најкраток рок да сушнеме од организаторот информации околу програмата и кои познати ѕвезди ќе настапат. Засега знаеме дека ќе има ,,PRILEP BEER WEEKEND’’ 2024