ПОДДРШКА ЗА МЛАДИТЕ – ФИНАНСИСКИ СТИМУЛ ЗА БРАК И НАТАЛИТЕТ ВО МОГИЛА
Во 2025 година, општина Могила ја зголемува еднократната финансиска помош за секој нов склучен брак во Општина Могила и ќе изнесува 15.000 денари, додека за секое новородено дете ќе се доделуваат 8.000 денари.
Оваа одлука беше донесена на денешната 55-та седница на Советот на Општина Могила, на иницијатива на градоначалникот. Целта на мерката е стимулирање на наталитетот и задржување на младите да живеат во општината.
„Со овие мерки покажуваме дека младите и семејствата се приоритет за нас. Ова е значаен чекор за создавање посигурна иднина за жителите на Могила,“ истакна градоначалникот.
Оваа финансиска поддршка е дел од пошироките напори за зајакнување на локалната заедница и создавање подобри услови за живот во општината.