Новогодишна радост за најмладите – „Прочкари“ со поддршка од Општина Прилеп ќе поделат 400 пакетчиња (Видео)
Здружението за зачувување на традицијата и културата „Прочкари“ во соработка со општина Прилеп денес доделија новогодишни пакетчиња на прилепскиот плоштад. Оваа активност е дел од традиционалните новогодишни настани, чија цел е да се развеселат најмладите и да се одбележи претстојната новогодишна празнична атмосфера.
Здружението за зачувување на традицијата и културата „Прочкари“ изрази благодарност за поддршката што ја доби од Општина Прилеп и од донаторите, кои помогнаа да се доделата новогодишни пакетчиња.
„Се гордееме што можеме да организираме вакви активности за нашите сограѓани, особено за најмладите, кои претставуваат наша иднина. Благодарни сме на Општина Прилеп и на сите донатори што ја поддржаа оваа иницијатива. Нивната помош е од огромно значење за нас и овие пакетчиња се само еден од начините да им ја пренесеме радоста и топлината на нашите сограѓани. Ние ќе продолжиме со нашата работа, со цел да ја зачуваме и негувајќи нашата традиција и култура, и да организираме уште многу вакви настани во иднина“, изјавија од Здружението „Прочкари“.
Тие посочија дека овие подароци се резултат на заедничката соработка со општината и локалните донатори, кои, како што велат, ја покажуваат својата посветеност на заедничките вредности и на развојот на локалната заедница.