Дојдете и информирајте се „Превенција, подобро од лекување“ – наскоро и бесплатни гинеколошки прегледи
Денес 11.06.2024, во 18:00 часот, Горна училишна зграда во Крушево, ќе се одржи панел дискусија и проекција на документарен филм „Превенција подобро од лекување“
Учесници на панел дискусијата ќе бидат професорите по гинекологија и акушерство од УГАК Скопје, Проф. д-р Глигор Тофоски и Проф. д-р Ана Данева Маркова.
Дојдете и информирајте се стои во објавата од градоначалникот Томе Христоски, а наскоро ќе следуваат нови бесплатни гинеколошки прегледи.


