(видео) Ни татко ни брат – Нова песна и спот на Алекс
Новата песна на прилепчанката Александра Тракческа носи блуз атмосфера и видеоспот изработен со помош на вештачка интелигенција (AI).
Музиката и аранжманот се на Дамир Пух и Александра, додека текстот го потпишува самата таа.
Пратечките вокали ги изведуваат Наташа Миха Пух и Александра Трајческа.
За видеопродукцијата е задолжен Атанас Димов, а спотот се издвојува по тоа што е реализиран со употреба на AI технологија, што му дава посебен визуелен идентитет.


