„75 за 75“ – Прилеп имал, има и ќе има ТЕАТАР! (видео)
Синоќа во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп беше отворена изложбата на театарски фотографии „75 за 75“, со која се одбележуваат 75 години од постоењето на Народниот театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп.
Изложбата е авторски проект на Каролина Мицевска – фотографии од театарски претстави кои оставиле траен белег во НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
Изложбата ја отвори Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“. Стојаноска на синоќешната изложба „75 за 75“ го потенцираше големото историско значење на самата театарска изложба.