|

Родовата еднаквост во општина Новаци

„Родовата еднаквост“, во својата суштина претставува состојба на потполно еднаков пристап до достапните ресурси и можности на семејната заедница, институцијата, општеството, социјалната средина, без оглед на полот. Во сите тие заедници, во кои едно човечко суштество егзистира, не е дозволено на било кој начин жената да се маргинализира, миноризира, исмева, потценува, жигосува, плаши, демне, и не се дозволени било какви други постапки, во кои се намалува или нарушува правото на жените и девојките, посебно од гледна точка на традициското делување на намалување и руинирање на потенцијалот на жената и женското дете, било да се однесува на наследување, школување, правење сопствени животни избори и сл.

Овие права ги вклучуваат и економското учество и учество во одлучувањето на сите нивоа, од мини – локално и семејно, па до највисоките инстанци на власта. Овие права, кои се прецизно номинирани со Истамбулската декларација обрнуваат внимание и на патријархалното и неприфатливо вреднување на различните однесувања, стремежи и потреби на девојката и жената, кои ги карактеризираме како „верски“, „традициски“, патријархарно – вредносни и сл., а кои се во суштина алатка на машката минорација на жената.

Во Македонија постои закон за родова еднаквост и Истамбулската декларација е потполно вметната во него, но прашање е колку тој закон се почитува, особено во помалите општини, посебно заради тоа што некои одредби од законот институциите, па дури и самите жени не ги препознаваат како нарушување на правата, па говорат за „невина дискриминација“, која е во склад со традицијата и обичаите.

Обврска на општината е законските обврски за родова еднаквост да ги препознае, цени, да едуцира за нив  и да ги имплементира во рамките на сите органи на општината и во институциите и телата – кои општината ги формира, како и да спроведе почитувања на таквите права во сите случаи – без остаток. Унапредувањето на родовата еднаквост се смета за директно унапредување на општините.

Како е практично имплементирана таквата сериозна  законска обврска, како Комисијата за родова еднаквост – која работи во состав на Советот на општината, функционира и ја води таа постојана епска борба, во интервјутото со Ирена Поповска Талевска, советник за родова еднаквост во општина Новаци.

Слични Објави