Разговори против врсничко насилство со Јован Велески – Специјалист по медицинска психологија (ВИДЕО)
Во интервјуто со Јован Велески, разговаравме за врсничкото насилство. Комплексен и сеприсутен проблем кој има многу причини, кои познати, кои непознати, но последиците се многубројни и со силно дејство врз психата на нашите млади. Во оваа „математика“ не можат да се изостават родителите, кои многу пати грешат во воспитувањето и прстапот кон своите деца.
Како родителите да ги воспитуваат своите деца, за да можат да се заштитат од БУЛИНГ?
- Жртвите се лица кои се воспитани на начин, да бидат неотпорни. Основна цел на секој родител е со воспитувањето да му даде форма во која ќе може да направи самозаштита. Во никој случај тоа не значи дека треба да биде агресивно.
Воспитувањето што формира дете, кое не држи до својот интегритет и нема алатки за самозаштита, НЕ Е добро воспитување!
Погледнетете го целиот разговор.