Покана за Св. Никола, градска слава на Прилеп

Прилеп на 19 декември 2024 година ќе ја одбележи градската слава Св. Никола со богата програма во организација на Општина Прилеп.

ПОКАНА ДО СИТЕ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

„Со гордост и радост ве покануваме да присуствувате на прославата по повод градската слава Св. Никола, која ќе се одржи во четврток, 19.12.2024 година, а на која домаќин е токму Локалната самоуправа на Општина Прилеп!

Програма на настанот:

• 08:00 часот – Божествена архиерејска литургија во црквата Св. Благовештение

• 11:00 часот – Литија во чест на Св. Николај Чудотворец Архиепископ Мириклиски

• 11:30 часот – Водосвет и прережување на празничниот колач пред Параклисот во центарот на градот

• 12:00 часот – Традиционална трпеза за сите граѓани на плоштадот „Александрија“.

Да го одбележиме заедно овој значаен ден, да ја зачуваме традицијата и да ја покажеме силата на заедништвото. Добредојдени сте сите! стои во поканата од Општина Прилеп.

Слични Објави