Презентиран – Прирачникот за поефикасна внатрешна комуникација во општините
40-на претставници од 22 партнер општини учествуваа на сесијата за “Подобрување на внатрешната комуникација во општините“.
На сесијата беше презентиран Прирачникот за поефикасна внатрешна комуникација во општините како и конкретни искуства од општините за:
- Најчести пречки во процесот на внатрешната комуникација,
- Организирање на ресурсите за најлесниот и најефикасниот начин за врвна комуникација, и
- Практични придобивки од процедурата за внатрешна комуникација во процесот на подобрување на целокупната ефикасност на општината.
Кога се зборува за ефикасноста тука мора за се стави акцент зошто е важна внатрешната комуникација?
Добрата внатрешна комуникација е КЛУЧОТ за успехот на локалната власт. Таа е основа за постигнување подобри резултати, ефективно извршување на плановите и подобрување на целокупниот институционален капацитет на општината, односно капацитетот на општината да ги извршува своите надлежности.
Внатрешната комуникација е интеракција меѓу вработените или начинот на кој тие комуницираат едни со други. Таа интеракција не е опционална, сите мора да комуницираат на сите нивоа, и колегите меѓу себе во рамките на еден ист или различен оддел, и организациските единици едни со други, како делови на еден систем.
Во изминатиот период, седум партнер општини Општина Кратово, Општина Могила, Општина Берово, Општина Кочани, Општина Битола, Општина Виница и Македонски Брод, изработија свои Процедури подобрување на внатрешната комуникација кои веќе ги користат во секојдневната работа!
Активностите се од Проектот на @USAIDNorth Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите од 2021 година им помага на партнер општините да ги унапредат своите капацитети и подобрат функциите на локалната самоуправа истовремено обезбедувајќи подобри услуги на граѓаните.
Текст и фотографии од Strengthening Resource Mobilization Activity – North Macedonia