|

Работилница за изработка на Интегриран  Локален  Развоен План во Општина Прилеп

Денес во Големата сала на Советот на Општина Прилеп беше одржана  работилница за подготовка на SWOT анализа за потребите на интегрираниот  локален  развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година, во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-Фаза 2, работилницата ја водеа претставниците на СЕГ Холдинг.

На работилницата беа присутни преставници од различни сектори од општината, јавни претпријатија, претставници од образование, приватен сектор, невладини организации кои дадоа допринос со своите дискусии во изработката на SWOT анализата и е почеток на активностите кои ќе се одвиваат во наредниот период.

Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK, во соработка со Општина Прилеп

Слични Објави